Во документот за јавна политика се нагласува дека овој закон не треба да се гледа само како формална обврска за усогласување со ЕУ, туку како значајна можност за модернизација на системот, подобрување на ефикасноста и обезбедување навремен и одржлив пристап на пациентите до квалитетни, безбедни и ефективни лекови, при што целосното и доследно преземање на законодавството на ЕУ служи како водечки принцип. Преку сеопфатен сет на препораки насочени кон поедноставување и дигитализација на постапките, намалување на административните оптоварувања, подобрување на правната јасност, како и зголемување на предвидливоста и транспарентноста, AmCham останува посветен партнер на Министерството за здравство во унапредувањето на модерна, ефикасна и инвестициски поволна регулаторна средина за фармацевтскиот сектор.





