АМЧАМ Документ за јавна политика: Препораки во врска со законот за лобирање

Транспарентниот и структуриран дијалог меѓу бизнисот, граѓанското општество и институциите зависи од правила што сите можат јасно да ги разберат и да ги применуваат. Имајќи го тоа предвид, АмЧам Северна Македонија го анализираше Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за лобирање и ги поздрави напорите за воспоставување појасна и поpredвидлива рамка, истовремено нагласувајќи колку е важно јасно да се разграничи лобирањето како регулирана дејност од секојдневната комуникација на компаниите и здруженијата со институциите. Ставот на Комората ги обединува хоризонталните препораки за практично спроведување на реформата, меѓу кои единствена електронска постапка, централизиран и транспарентен увид во тоа кој учествува во креирањето на законодавството, усогласена подготовка на институциите и оцена на ефектите по првата година од примената. Содржи и коментари на конкретни одредби од предлогот, насочени кон поголема правна сигурност, помал административен товар и полесно усогласување за сите засегнати од законот.

Scroll to Top