Секоја законодавна реформа го поставува прашањето колку ефикасно ќе функционираат новите правила во пракса. Во тој контекст, AmCham Северна Македонија ги разгледа двата нацрт-закони чија цел е усогласување на царинската рамка на земјата со Царинскиот законик на Унијата. Иако ја препознава важноста на предложената реформа, AmCham укажа на потребата правилата на ЕУ да се транспонираат на јасен, кохерентен и пропорционален начин, земајќи ги предвид спецификите на националното правно и деловно опкружување, како и избегнувајќи непотребни административни или други обврски поврзани со усогласувањето. Препораките се фокусираат на тоа транспозицијата на Царинскиот законик на Унијата да биде не само правно доследна, туку и соодветно прилагодена на националниот контекст и практично применлива за економските оператори.





