АМЧАМ Документ за јавна политика: Препораки во врска со нацрт-законот за електронско фактурирање

Воведувањето на е-фактурата претставува значаен чекор во дигитализацијата и модернизацијата на даночното и деловното работење, со реален потенцијал за поголема автоматизација и ефикасност, поедноставена размена на податоци, намален административен товар, поголема транспарентност и подобро почитување на даночните прописи. За да се остварат овие придобивки, на системот му се потребни јасни и предвидливи правила, техничка подготвеност и интероперабилност со деловните и информациските системи на самите компании. Подзаконските акти, техничките спецификации и другите правила неопходни за практична примена треба да бидат финализирани и достапни три до шест месеци пред почетокот на задолжителната примена, со цел деловните субјекти да можат да ги прилагодат своите процеси, да ги воспостават потребните интеграции и да ги тестираат истите. Имајќи го ова предвид, AmCham Северна Македонија го анализираше Нацрт-законот за е-фактурирање и, потпирајќи се на искуството на компаниите-членки кои учествуваа во тестирањето на системот, достави документ со ставови и препораки поделен во три дела: пошироките услови за успешно воведување, одредбите од нацрт-законот за кои е потребно појаснување или измена, како и практичната примена на достапното техничко решение. Целта е да се воспостави функционален, предвидлив и одржлив систем кој на даночните обврзници и на даночниот орган им обезбедува правна сигурност и кој е ефикасен во практиката.

Scroll to Top