АМЧАМ Докуемент за јавна политика: Одговор на консултации за правото на животната средина

Неодамна предложениот Нацрт-закон за изменување и дополнување на Законот за животна средина ја одразува посветеноста на земјата кон усогласување на националното законодавство со стандардите на Европската унија. Препознавајќи ја важноста на ефективната регулатива во областа на животната средина за поттикнување на зелената транзиција, AmCham Северна Македонија активно учествуваше во процесот на јавни консултации.

Во согласност со својот стратешки фокус на поддршка на одговорни и предвидливи правни рамки, AmCham подготви документ со ставови, кој содржи коментари и препораки насочени кон подобрување на предложените законски решенија. Препораките се однесуваат на конкретни членови од нацрт-законот, но вклучуваат и пошироки предлози за обезбедување на поефективна, поправедна и применлива правна регулатива во областа на животната средина. Овој придонес е во согласност со наодите од Извештајот за напредокот на Европската комисија за 2023 година, во кој се нагласува потребата од поголема подготвеност во однос на животната средина и забрзување на реформите.

Scroll to Top