Имплементација на поструктуриран пристап кон застапувањето

Како дел од проектот „Зајакнување на капацитетите за застапување за ефективно вклучување во креирањето политики“, поддржан од CIPE, АМЧАМ применува поструктуриран пристап кон застапувањето преку изработка на наменски планови за застапување за теми од интерес за своите работни групи и комитети. Првиот чекор е направен со Работната група за интелектуална сопственост, чии напори за операционализирање на националното координативно тело за интелектуална сопственост сега се поткрепени со план што ќе ги насочува. Работната група неодамна одржа состанок за да ги постави темелите и насоките за изготвување и спроведување на планот. Ќе следи низа активности, вклучително и поширок работен состанок со релевантните засегнати страни, како и континуиран дијалог со носителите на одлуки.

Scroll to Top