Кога се нарушуваат предвидливоста и основните пазарни принципи, станува неопходно да се реагира, што се одразува во мерките на Владата за воведување горни граници на цените и контроли врз профитните маржи.
Овој документ за јавни политики ги препознава сериозните притисоци предизвикани од растот на цените, но го оспорува пристапот на Владата и ја доведува во прашање неговата ефикасност во справувањето со инфлациските притисоци.
Во документот се нагласува дека националната економија, а особено секторот за храна, е изложена на длабоки структурни ранливости, главно поради високата зависност од увоз. Се истакнува дека за постигнување долгорочна ценовна стабилност е потребен посистематски и поодржлив пристап, наместо потпирање на привремени интервенции кои носат ризик од дополнително нарушување на пазарот. Меѓу клучните препораки е формирањето на заедничка работна група, составена од претставници на јавниот и приватниот сектор, како и други засегнати страни, со цел да се изработи одржлива патоказ за справување со овие предизвици.





