АМЧАМ Докуемент за јавна политика: Подобрување на правната рамка за професионален ангажман на странци во Северна Македонија

Во денешната глобална економија, која се одликува со брзо темпо, привлекувањето врвни таленти е од суштинско значење за деловниот раст и националната конкурентност. Сепак, сложените административни постапки често создаваат пречки за компаниите што сакаат да ангажираат странски професионалци. Препознавајќи го овој предизвик, Северна Македонија пристапува кон измени на Законот за странци, со цел да ги поедностави постапките за добивање дозволи за работа и престој.

AmCham Северна Македонија подготви документ со ставови и клучни препораки за дополнително подобрување на правната рамка. Нашите предлози вклучуваат воведување забрзана постапка за издавање дозволи за привремен престој за високиот менаџмент и висококвалификуваните професионалци, поедноставување на процесот на вработување на професионални спортисти, како и усогласување на роковите во поврзаните закони со цел да се избегне административна збунетост. Дополнително, ја нагласуваме итната потреба за решавање на прашањето за квотите за дозволи за 2025 година и се залагаме за дигитализација на постапките за издавање дозволи за престој и работа, со цел зголемување на транспарентноста и ефикасноста.

Како што напредуваат законодавните дискусии, AmCham останува посветена на поддршката на деловно-пријателска средина која привлекува врвни таленти и ја зајакнува економската позиција на Северна Македонија.

Scroll to Top